Спасовски од Дебар: Поддршката за Пендаровски и Дука е поддршка за концептот што води заедно напред!

Од:

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска го посети Дебар, каде со граѓаните разговараше за досега преземените реформи што ја стабилизираат економијата, напредокот во евроинтеграциите, како и за претстојните претседателски избори и локални избори во Дебар.

– Со правилни економски реформи и со напредокот евроинтеграции ги поттикнуваме младите да останат дома. Конечно ја извадивме државата на вистинскиот пат, се отвораат нови добро платени работни места, само за една година се отворија над 26.000 работни места, невработеноста опадна под 20 отсто. Се грижиме за младите кои се наша иднина и преку аткивни мерки создаваме можности младите тука да останат и тука да градат иднина, истакна Спасовски.

Затоа, порача Спасовски, битно е овој напредок да продолжи.

– А ќе продолжи со глас за заедничкиот кандидат за пртседател Стево Пендаровски и со глас за заедничкиот кандидат за градоначалник на Дебар, Хекуран Дука. Токму затоа, на овие избори во Дебар потребна е двојна победа. Да не дозволиме да се враќаме назад, да дадеме силна поддршка за Пендаровски и Дука, да продолжиме заедно напред, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Работник падна од зградата каде работеше – почина на пат кон болница

А1он

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори