Спасовски: МВР во понеделник ќе излезе со став за Предлог-законот за државјанство

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува веќе МВР до понеделник да го подготви ставот околу контроверзниот предлог-закон за државјанство предложен од пратеници од албанскиот опозициски блок во Собранието.

Спасовски на денешната прес-конференција информира дека вчера во МВР го добиле на мислење овој законски предлог, а експертите од оваа област го разгледуваат и ќе дадат мислење во однос на ова законско решение, по што ќе биде упатено до Собранието.

На прашањето до каде е постапката за добивање државјанство на лица кои го немаат и колкав е нивниот број во нашата држава, Спасовски информира дека се работи на детектирање на сите пропусти и слабости на постојното законско решение и што може да се подобри за да може граѓаните да ги остварат правата на државјанство.

– Имаме одредени проценки во однос на бројот на лица кои немаат државјанство, но тоа не се детални бројки заради тоа што кога ќе се отвори тој процес, ќе имаме пријава на граѓаните кои немаат државјанство во Северна Македонија. Кога ќе биде комплетно во делот на правната регулатива и потребата од измена на законското решение, во детали ќе образложиме како и на кој начин ќе се измени Законот и за новите моменти што ќе овозможат добивање државјанство на граѓаните, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција на која даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена во МВР.

Би можело да ве интересира

Заглавени 20.000 државјанства, АНБ прави сложени проверки

Кристијан Ландов

Здружение на млади правници: Измените на Законот за државјанство нема да го решат проблемот со апатридите

Заев: Се прават консултации дали законот за државјанство може да се испрати во Парламентот со европско знаме

Ана Ололовска

Околу 2000 граѓани немаат државјанство, оваа тема не смее да се „киднапира“ во дневно-политички препукувања вели Османи

Заев: Направивме сериозен исчекор во разговорите за државјанствата со Алијанса и Алтернатива

Ана Ололовска

Адеми: Албанската опозиција да биде конструктивна за да се изнајде решение за законот за државјанство

Ана Ололовска