Спасовски: Независно судство и реизбор за сите судии кои соучествуваат во криминалот во Македонија

Од:

Носителот на листата од коалцијата „За живот во Македонија“ во Втората изборна единица Оливер Спасовски вечерва на митинг во Куманово ги презентира проектите во програмата „План за живот во Македонија“.

Поддршка за младите, независно судство и бесплатно здравство се само некои од мерките предвидени во програмата, рече Спасовски, истакнувајќи дека „СДСМ се залага за правда за сите, а не за селективна каква што била досега“.

– Денес секој граѓанин упатува порака дека правдата мора да се врати. „Планот за живот во Македонија“ предвидува независно судство и затоа најавувам генерален реизбор за сите судии кои соучествуваат во криминалот во Македонија, истакна Спасовски.

„Планот за живот во Македонија“, додаде, предвидува и реални мерки за младите, директна финансиска помош за отварање бизнис, мерки кои ќе овозможат најдобрите студенти да се вработат во државната администрација за да и помогнат на Македонија, наместо, како што рече, да заминуваат во странство.

Спасовски оцени дека на ВМРО-ДПМНЕ веќе никој не и верува и ја обвини за иселувањето на, според него, 636.000 граѓани од кои 230.000 млади луѓе.

СДСМ, додаде носителот на листата, е против промовирањето на Македонија како држава со евтина работна сила и најави, меѓу другото, минимална плата од 12.000 денари по три месеци од формирањето на Владата и 16.000 денари на крајот од мандатот, како и зголемување на платите на лекарите во терциерното здравство на 100.000 денари.

Би можело да ве интересира

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милиони евра за два месеци

Јована Тренчевска и Александар Трајановски се избрани за потпретседатели на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ