Спасовски: Нема застој во издавањето патни документи

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета во Берово информираше дека поради миграција на системот, вечерва во 21 часот ќе следи мал застој во системот за издавање патни документи и лични исправи. На новинарско прашање зошто има проблеми при издавањето лични документи одговори дека лични документи се издаваат и сега, но поради ковид-пандемијата била зголемена побарувачката за нив, заради што се стекнал впечаток дека има застој во издавањето лични документи.

– Лични документи се издаваат и сега. Едноставно имаше поголема побарувачка поради позната ситуација со ковид-пандемијата, при што многу од луѓето не виделе дека им истекуваат личните документи. Имаме најава дека од денеска од 21 часот ќе имаме миграција на податоци во новиот систем, тоа е процедура која мораме да ја завршиме бидејќи на тоа не обврзуваат и законите и уставот. Веќе од понеделник повторно почнуваме со нормално функционирање, рече Спасовски

Тој дополни дека поради најавената миграција, можен е застој за време на викендот и затоа апелираше на стрпливост кај граѓаните.

– Јас само апелирам на трпение кај граѓаните, ние затоа и го променивме законот, од јули сите оние на кои им истекле патните документи и исправи, тогаш ќе продолжат да важат до крајот на годината и едноставно како што е редот за секој од нас, термините како што ги добиваме, така да може да ги извадиме и документите. Значи повторувам нема застој, а застојот вечерва ќе биде заради миграција на податоци во новиот систем, дополни Министерот за внатрешни работи Спасовски.

Спасовски во Берово присуствуваше на откривање на спомен обележје на четворицата бранители кои загинаа во воениот конфликт во 2001 година.

Би можело да ве интересира

Влада: Нема веќе турканици за вадење пасоши и лични документи

Мицкоски: Издавањето на патните исправи и личните документи е под контрола

И покрај реформите, за германски пасош се чека и по една година

A1on

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Од денеска во Скопје издавање лични карти во надлежни полициски станици, според место на живеење

Горан Наумовски