Спасовски: Недела е ден за историска одлука, затоа излезете и гласајте за европска Македонија

Од:

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски денеска беше во посета на општина Куманово, каде што се сретна со стечајни работници и со граѓани од повеќе населени места од оваа општина.

„Членството во НАТО и ЕУ е безбедност и стабилност. Но членството во НАТО и во ЕУ е и нови инвеститори. Инвеститорите сакаат предвидлива клима за инвестирање и стабилност, а не неизвесност. Нови инвеститори значи нови работни места, поголема конкурентност, повисоки плати, подобар животен стандард. Шанси за децата во нашата земја,“ порача Спасовски.

Тој посочи дека во услови кога ја имаме поддршката од земјите членки на НАТО и на ЕУ, немаме право да им ја скратиме таа поддршка на нашите деца и упати повик до граѓаните во недела на референдум, слободно, гордо и достоинствено да излезат на рефереднум, бидејќи одлучуваат само оние кои ќе гласаат.

„Ние кои имаме право на глас, повикани сме во овој историски важен момент за нас и за Македонија, да донесеме нова правилна одлука. Затоа, во недела не се седи дома. Недела е ден за историска одлка. Одлука со која ќе влијаете на иднината на вашиот живот и животот на идните поколенија. Во недела, на 30 септември излезете и гласајте за европска Македонија,“ повика Спасовски.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување