ВИДЕО: За неполна година поднесени 33 кривични пријави против полицајци и вработени во МВР

Од:

Министерот Оливер Спасовски во обраќањето на денешната дебата организирана од „НВО инфоцентар“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права рече дека целта на реформите кои во МВР не е само за да се донесат нови закони или измени, туку овие законски решенија да добијат практична примена.

„Денеска, токму на една година од крвавите настани во Собранието, зборуваме за надворешната контрола над полицијата. Ако се потсетам на овој ден во 2017 година, а како еден од учесниците и една од целите на напаѓачите, имам на што да се потсетам. И од друга страна, кога ќе погледнам наоколу и гледам за што денес дискутираме и во каква атмосфера, навистина се чувствувам задоволно“, рече министерот Спасовски. Како една од жртвите на овој настан, рече Спасовски, не сакам да побудам сожалување или симпатии кај вас, туку сакам да ја испратам пораката дека граѓанското општество е многу битен сегмент во нашето општествено живеење.

„И можеби тој нема своја формална позиционираност во уставното уредување на нашата земја, но верувајте дека е суштински за контрола за тоа каде се движиме. Затоа дебатите мора да бидат аргументирани, неоптоварени со лична нетрпеливност, политички несогласувања или обиди за клиентелизам. Кога го почнав мојот трет мандат како министер за внатрешни работи, ама прв со целосни надлежности, се определивме за неколку клучни реформи: реформа на системот на следење на комуникациите, реформа на контролата на полицијата и внатрешни реформи и оспособување на капацитетите и опременоста на полицијата.

Министерот Спасовски сподели и податоци за работата на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди. „За периодот од јуни 2017 до 15 април 2018 година, поднесени се 31 кривични пријави против 33 сторители за вкупно 36 кривични дела. Тие се пријавени за ‘злоупотреба на службена положба и овластување’, ‘употреба на исправа со невистинита содржина’, ‘несовесно работење во службата’, ‘изнуда’, ‘уништување или прикривање на необработен архивски материјал’, ‘лажно пријавување кривично дело’, ‘насилство’ и ‘фалсификување исправа’, ‘загрозување со опасно орудие при тепачка или караница’, ‘телесна повреда’, ‘примање поткуп’ и ‘помагање во врска со измама’. Ова се податоци само за поднесени пријави за кривични дела, а Одделот во периодот од 1 јули 2017 до 1 април 2018 иницирал поведување на дициплинска постапка против 291 вработен“, рече Спасовски.

„Земајќи ги предвид сериозните забелешки на меѓународни, но и домашни организации, за постапувањето на полицијата и особено за инструментите за нејзина контрола почна проект кој имаше за цел зајакнување на овие капацитети“, рече Спасовски.

„Спасовски рече дека се воспоставува зајакнат систем на надворешен механизам кој ќе гарантира непристраност и објективност во оценувањето и контролата над работата на полицијата. Со новината која се воведува се предвидува законска можност и обврска по прием на кривичната пријава дека работник на Министерството со статус на полициски службеник или овластено службено лице сторило кривично дело, Министерството без одлагање да го извести Одделението за истражување и гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски