Спасовски: Наша битка е да се избориме против криминалот и корупцијата

Од:

Клучната борба е како да го консолидираме овој наш систем, реформите, пред се неселективната борба против криминалот и корупцијата. Северна Македонија треба да го гради системот под надзор на ЕУ, потребно е да ги зајакнеме институциите за граѓаните да имаат верба во нив, за тие да функционираат, рече денеска министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски на трибината на Демократскиот сојуз насловена „Македонија на крстопат“.

Според него, за она што ни се случува со младите денес, клучна причина не е економската ситуација.

– Од државата најмногу заминуват реализирани луѓе, луѓе кои можат да имаат перспектива и тука и надвор. Тие препознаават дека системот не ги препознава интересите на граѓаните. Наша битка е да се избориме против криминалот и корупцијата. Сите наши активности мора да бидат насочени кон оваа цел во иднина, што ќе има силен импакт во смисла на интеграциите на државата и кон силна консолидација на системот, рече Спасовски.

Спасовски посочи дека членството во НАТО е се поизвесно и оти тоа ќе ги отвори перспективите за натамошниот развој на државата.

– Еден друг елемент кој не разочара е неносење на одлука за почеток на преговорите со ЕУ. Колку и да е големо разочарувањето едно треба да е јасно и сатисфакција за сите нас – тој почеток на преговорите ќе се случи без разлика на сите трубуленции. Факт е дека земјава ја поддржуваат сите членки на ЕУ, исклучиво Франција беше против во однос на почетокот на преговорите и тоа не само заради нас, туку и односите во ЕУ и тоа ја потврдува тезата на дебатава денес – „Македонија на крстопат“.

Како што рече Спасовски, „оваа наша држава“ ништо не добила на подарок од смаостојноста до денес, туку за се требала макотрпно да работи, но тоа не ја обесхрабрува Владата да продолжи по патот кој нема алтернатива.

– За нас не постои алтернатива. Едно е да говорите пред јавноста за добивање политички поени друго да говорите надвор. На овој народ му треба искрен пристап. За она што е добро, да се каже дека е направено добро, а за она што е лошо, да се каже дека е лошо, рече Спасовски на трибината, на која говореше и претседателот на ДС, Павле Трајанов.

Би можело да ве интересира

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ

Убиено девојче, пукање во трговски, криминал, корупција – што ги полнеше полициските билтени во 2023

Анита Петровска Рајковиќ

Фатени 5000 криминалци, запленета дрога од 400 милиони евра – дилерите на мета на МВР

Во Шведска 30.000 луѓе се вклучени во криминал

Поради кризата и падот на стандардот, зголемен е криминалот во селата во Британија

Мицкоски: Голем ден за нашата света Црква, сведоци сме на историја