Спасовски: На вработените во МВР ќе им биде исплатена заостаната бонус плата за 2017 и за 2018 година

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот Марјан Кицев. На средбата министерот Спасовски информираше дека во наредниот период ќе биде исплатена бонус плата за вработените во МВР за три години.

Откако во претходниот мандат на министерот Спасовски беа обезбедени средства за исплата на бонус плата за 2019 година и таа, за прв пат беше исплатена во МВР, сега се обезбедени средства за исплата на бонус плата за 2020 година, но и за 2017 и 2018 година.
Бонус платата за 2017 година ќе биде исплатена во декември оваа година, а бонус платата за 2018 и 2020 година во текот на наредната година.
На тој начин и вработените ги добиваат парите кои им следуваат согласно колективниот договор, а и Министерството нема да се изложува на непотребни судски трошоци по тужбите на вработените.

Претставниците на Македонскиот полициски синдикат ја поздравија оваа одлука и презедоа обврска да ги информираат вработените во МВР дека овој проблем е надминат и дека повеќе нема овие средства да се бараат преку суд туку ќе бидат исплатени од работодавачот.

Би можело да ве интересира

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“