Спасовски на средба со Македонскиот полициски синдикат: Се планира зголемување на платите за 5%

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на министерството, оствари работна средба со делегација на Македонскиот полициски синдикат, предводена од претседателот Марјан Кицев.

„На средбата министерот го информираше раководството на синдикатот за предлог буџетот на министерството за 2022 година и го потенцираше планираното зголемување на платите за 5% за вработените во министерството. Исто така, министерот го потенцираше досегашното реновирање на 63 полициски објекти и планот следната година да се реновираат други полициски станици, како и почетокот на градба на ПС Аеродром, реконструкција на Центарот за обука во Идризово и реконструкција ан Одделот за граѓански работи.

При реконструкциите е посебно запазена и еколошката и штедлива компонента на користење на енергетски ефикасни материјали, така што веќе ниту еден објект на МВР од следната година нема да користи цврсти горива за затоплување, а генерирана е и заштеда само на електрична енергија од пет милиони денари.
Министерот Спасовски го информираше раководството на синдикатот за поделбата на новите униформи за повеќе оддели во МВР, како и за опремата (кондури, чизми, јакни и др.) која се очекува да стигне и да биде поделена до јануари 2022.

Претседателот на Македонски полициски синдикат, Марјан Кицев се заблагодари за соработката на министерството со синдикатот, посветеноста кон унапредување на работните, материјално техничките и оперативни услови за полициските службеници.

Министерот Спасовски и претседателот Кицев разговараа и за други теми важни за полициските службеници, како условите од колективниот договор и листата на плати, решавање на проблемот со дневниците на полициските службеници настанат од Законот за извршување на буџетот и се сложија за најбрзо можно решавање на овие тековни проблеми“, информираат од Министерството.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа