Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски се заблагодари за довербата, откако вечерва партиското раководство на СДСМ одлучи тој да биде технички премиер на местото на Зорaн Заев до одржувањето на изборите во април.
„Ви благодарам на довербата и поддршката. Мојата желба е да бидам што пократко на таа позиција за што побрзо да се врати претседателот Зоран Заев. Одиме на победа“, напиша Спасовски на социјалните мрежи.
Спасовски ќе го добие мандатот на трети јануари, по што ќе стане вториот технички премиер од независноста.