Спасовски: Македонија може да биде погодена од нов бран мигранти

Од:

Република Македонија со својата гео-позиција во регионот може да биде една од најпогодените и секако најзасегнати од евентуалното „пробивање“ на нови нелегални мигрантски рути, рече денеска министерот Оливер Спасовски во своето обраќање на Конференцијата на министри за внатрешни работи во рамките на Салцбуршкиот форум во Будимпешта, посветена на нелегалната миграција, миграцискиот притисок и актуелната ситуација долж Западно-балканската рута.

Министерот Спасовски, како што соопшти МВР, ја потенцира и можната злоупотреба на мигрантските рути за инфилтрирање на екстремисти и безбедносните проверки на мигрантите долж Западно- балканската рута.

– Соочени со новите безбедносни феномени, целокупните безбедносни капацитети на нашата држава во континуитет се насочени кон спречување на заканите и опасностите кои произлегуваат од поддржувачите на тероризмот, фокусирајќи се на превенција и спречување на финансирање на терористичките активности, следење на сомнителните трансакции, спречување на перењето пари и можно регрутирање на потенцијални извршители на терористички активности во земјата и странство, рече Спасовски.

Исто така, со цел воспоставување подобра контрола и спречување трансфер на потенцијални терористи меѓу мигрантите, посочи дека е потребно воведување унифицирани механизми за превенција и контрола, размена на информации, водење заеднички случаи преку заеднички тимови и формирање заедничка база на податоци.

– Не смееме да дозволиме хуманоста да биде жртва на тероризмот. Но, истовремено мораме да бидеме свесни и дека не можеме да се луксузираме со безбедноста и сигурноста на нашите граѓани и на нашите држави. Потребен е ефективен, функционален баланс кој ќе ги анулира овие две крајности, рече министерот Спасовски.

Како што соопшти МВР, Спасовски во Будимпешта треба да оствари и неколку билатерални средби.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Седум големи магацини во САД ќе се таканаречени центри за подготовка за депортација на 80.000 мигранти

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Резолуцијата за мигранти е противуставна, забрана на говор како во Третиот Рајх

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ