Спасовски: Ќе одлучуваме дали учениците да се вратат во училиштата по првомајските празници

Од:

Владата по првомајските празници ќе одлучува дали и кога учениците треба да се вратат во училиштата. Техничкиот премиер Оливер Спасовски вели дека се во тек дебати на различни нивоа за училиштата и градинките.

„ Градинките и училиштата се дел кој го анализираме и најавувам дека после првомајските празници ќе носиме одлуки. Ниту јас, ниту било кој член на Владата во овој момент не може да каже дали треба да се вратат учениците во училиштата, децата во градинките, дали треба одеднаш да се ослободат сите рестриктивни мерки. Тоа ќе го анализираме. Започнуваме дебата на различни нивоа во институциите на власта и врз основа на тоа ќе ги донесеме одлуките. Важно е да се знае дека одлуките ќе бидат донесени најдобро што можеме за доброто на граѓаните и за заштитата на животот“, рече премиерот Спасовски.

Тој нагласи дека сите одлуки што ги носи Владата се базираат на стручните мислења на епидемиолозите, на Комисијата за заразни болести и на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време