Спасовски: Кампањата ќе биде без митинзи и без активности од „врата до врата“

Од:

За нас, здравјето и благосостојбата на граѓаните се врвни приоритети од кои не отстапуваме, пишува на својот фесјбук профил, техничкиот премиеро Оливер Спасовски. Поради оваа причина, тој вели дека сите партиски активности ги прилагодуваат на новите околности со цел да го заштитат јавното здравје.

– Кампањата ќе биде без митинзи и без активности од „врата до врата“. На овој начин го штитиме здравјето на граѓaните, а нашата изборна понуда ќе им ја доближиме преку онлајн и дигиталните алатки и начини на комуникација, пишува Спасовски.

Воедно тој истакнува дека спротивно на законот и спротивно на мерките и забраните, ВМРО-ДПМНЕ започнаа предвремена кампања со јавни собири на кои не се држи дистанца и не се носат заштитни маски.

– Јавноста беше сведок и како Мицкоски посетуваше теретани, се групираше на јавни места, како седел во дел од ресторан кој не смеел да работи. Истовремено, техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев не само што не реагираше туку со изјавата дека нема да казнува поттикна масовно прекршување на мерките и забраните, вели Спасовски.

Според него ова е јасна разлика помеѓу вистинска грижа за здравјето на граѓаните од страна на СДСМ и свесно загрозување на јавното здравје од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226