Спасовски ја излажа јавноста за возилото на Жежовски, потврда за тоа е телеграмата од СВР Велес, до сите СВР во Македонија тврди ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Оливер Спасовски, треба да се засрами од своите лаги, пред новинарите и пред македонската јавност, каде ладнокрвно излажа, во врска со возилото на убиениот Панче Жежовски велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– На 4 декември, кога Спасовски држеше заедничка прес конференција, заедно со Гаврил Бубевски, за возилото на Панче изјави: -Тоа возило не се движи до 27 ноември и немавме информација дека е одземено. А е регистрирано од камери, како и возило рено. Извршен е и претрес во политичката партија Трета, на која ѝ припаѓале и најдени се извесни информации“. Ова не е вистината. Вистината е дека во МВР знаеле на 24 ноември, дека возилото на сега убиениот а тогаш исчезнат Панче, е исчезнато уште од 22 ноември односно 5 дена пред убиството на Вања. Како доказ на ова е телеграмата, испратена од СВР Велес до сите СВР на територија на Македонија, а во која се нотира дека лицето Панче Жежовски заедно со својот автомобил, а тоа е автомобилот со кој била киднапирана Вања, е пријавен за исчезнат од страна на член на неговото семејство на 24 ноември. Полицијата по однос на овој случај презема акција дури 4 дена откако е пријавено исчезнувањето, т.е. на 28 ноември, што е датум кога е испратена оваа телеграма. Доколку навреме се реагирало, веќе на 24 ноември и била објавена централна објава по возилото, убијците на Панче ќе биле пронајдени, а Вања можеби ќе беше спасена и немаше да се случи ова монструозно дело, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина