Спасовски: Институтите и медиумите на ДПМНЕ ја дефокусираат јавноста со т.н. случувања во опозицијата

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја праша Владата зошто Република Македонија нема да биде спомната во заклучоците на претстојниот Самит на Европската унија.

Во изјава за медиумите, секретарот на опозициската партија Оливер Спасовски праша зошто земјава ја загубила поддршката од  традиционалните партнери за членство во ЕУ.

„Секогаш кога крахира концептот на Никола Груевски, институтите и медиумите на ВМРО-ДПМНЕ ја дефокусираат јавноста со таканаречените случувања во опозицијата.

Меѓутоа, граѓаните на Република Македонија очекуваат одговори на многу суштински прашања коишто се однесуваат пред сѐ на егзистенцијата на граѓаните за иднината на оваа држава, на коишто Груевски ќе мора да даде одговор.

На пример, мораме да го чуеме одговорот на Груевски на следните прашања:

– Зошто Република Македонија нема да биде спомената во заклучоците на претстојниот Самит на Европската Унија?

– Зошто ја загубивме поддршката на традиционалните партнери на Република Македонија за членство во ЕУ и воопшто за меѓународната политика?

– Зошто Македонија постојано е на дното на светските листи по медиумски слободи и права?

– Зошто многу од политиките во образованието на оваа Влада пропаѓаат?

– Зошто крахираат реформите во здравството, образованието и во многу други сегменти на општественото живеење на Република Македонија?

Патем, кога се веќе толку фокусирани на опозицијата, коректно е да ги именуваат партиите кои, создадени и контролирани од ВМРО-ДПМНЕ, треба да ја одиграат улогата на опозиција на опозицијата“, изјави денеска Оливер Спасовски, Секретар на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата