Спасовски: Имаме релевантни информации за убиството на Јанушев, сослушани се 35 сведоци

Од:

Убиството на Мартин Јанушев освен меѓусебното недоразбирање нема друга заднина. Има напредок во истрагата, едно лице е убиецот на Јанушев и по него се трага. Досега се сослушани 35 сведоци, а обезбедени се и снимки од безбедносните камери, но и од камерите на околните објекти, соопшти денеска МВР.

– Имаме релевантни информации и кога ќе се обезбедат сите докази, случајот ќе се се расчисти. Направени се анализи со „Омерта агенцијата“, за да видиме дали е можно да има некакво поврзување со настанот, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој рече дека го знаат името на убиецот, но засега нема да го откријат и дека според досегашната истрага сметаат дека егзекуторот не ја напуштил државата односно сеуште е во Македонија.

Младиот фудбалер Мартин Јанушев беше убиен пред кафулето „Ред“ во Аеродром минатиот петок.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

„Евростат“: Помалку убиства во Македонија за една деценија, Црна Гора предничи во регионот, а Литванија во ЕУ

Ново апсење во случајот со убиството на Илијан Филипов

Горан Наумовски

Убиство во Будва: Странски државјани вмешани во пукањето

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност