Спасовски: Имаме победничка програма за европска, стабилна, сигурна и безбедна Македонија

Од:

Имаме победничка програма за стабилна, сигурна и безбедна Македонија. Свесни сме за успехот и имаме план да го продолжиме. И од тоа не се откажуваме, истакна носителот на изборната листа на СДСМ во изборната единица два, Оливер Спасовски, на денешната промоција на Програмата за европска иднина и кандидатите за пратеници на СДСМ и коалицијата.
Спасовски нагласи дека СДСМ има бескомпромисна политичка волја, со нула толеранција за корупција и силна борба против секаков вид криминал.

-Само со задоволна полиција имаме безбедни граѓани, досега ги зголемивме платите за 35% и платите во безбедносниот сектор мора да продолжат да растат – за подобар материјален и социјален статус и повисок животен стандард на вработените. Императив за нас е унапредување на статусот на вработените, на работните услови, на воведување на нови полициски обуки, дигитализација и модернизација на процесите и опремата, нагласи Спасовски, додавајќи дека досега се реконструирани 82 полициски станици низ државата, а со нови хеликоптери повторно ќе се испише историја на опременост на воздухопловните единици.

Спасовски нагласи дека по примерот на ЕУ, со конфискација на имот ќе се прати порака дека криминалот не е исплатлив.

За успех во сето ова клучни се реформите и во правосудниот систем. Реформата на судството мора да ги опфати сите препораки на Мисијата на ЕУ во нашата држава. Не се откажуваме од врвна безбедност и развиена економија, не се откажуваме од европски живот за младите тука дома. Една опција имаме на овие избори – тоа е европската – нема откажување од иднината, порача носителот на изборната листа на СДСМ во изборната единица два, Оливер Спасовски.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он