Спасовски и Курти телефонски разговараа за регионалната соработка во сите области меѓу двете земји

Од:

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски имаше телефонски разговор со косовскиот премиер, Албин Курти кој на македонскиот премиер му изрази честитки и поддршка за начинот на кој земјата се справува со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот.

Во разговорот со премиерот на Косово, Спасовски изрази задоволство од соработката со Владата на Косово во овој кризен период.

Двајцата премиери разговараа за можностите за координирано справување со последиците од пандемијата на КОВИД-19 и во корист на здравјето на граѓаните, за рестартирање на економијата и за зајакнување на деловните врски меѓу Косово и Македонија во нови услови, како и за усогласување на мерките за нормализација на комуникацијата во сите области меѓу двете земји во наредниот период.

Во разговорот меѓу премиерите е потенцирана согласноста дека брзата интеграција во ЕУ на сите држави од Западен Балкан, како и интензивната регионална соработка се темел на развојот, сигурноста и иднината на регионот.

Би можело да ве интересира

Симиќ: Во експозето на Курти нема Срби, ниту пак правата што ни се гарантираат со Устав не ни се загарантирани

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Курти доби мандат за формирање на нова косовска Влада

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Атифете Јахјага негира каква било поврзаност со досието Епштајн

А1он