Спасовски и Апостолска: Владата направи пресврт во поддршката на бизнисите

Од:

Премиерот Спасовски и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Апостолска заедно со градоначалникот на Охрид, Георгиевски денеска ја посетија “ЛТХ Леарница”, компанија со словенечки капитал која се занимава со леење и машинска обработка на алуминиумски компоненти наменети за автомобилската индустрија.

Компанијата во 2018 година започнува нова инвестиција од 15,3 милиони евра, со која се прошируваат производствените капацитети, а постоечките 500 работни места се надополнат со 58 нови работни места.

Владините претставници беа информирани од страна на менаџментот на компанијата за идните развојни планови на компанијата.

Спасовски и Апостолска заеднички констатирале дека новиот инвестициски циклус во леарницата е доказ за реалните ефекти во економијата што Владата ги испорачува со своите политики за поддршката на бизнис секторот.

Разговаравме за тоа колку е важно партнерството меѓу бизнис заедницата и Владата, меѓу работодавачите и работниците.

Тоа партнерство дава резултати. Успешно е тоа што нудиме финансиска поддршка во делот на производството, таа можност ја користи и “ЛТХ Леарница”.

Не информираа за нивните развојни планови во делот на градба на нови капацитети и набавка на нови машини, со цел да се зголеми производството и да се зголеми бројот на вработени.

Според овој план ќе имаме дополнителни нови 58 вработувања, што ќе ја надмине моменталната бројката од 500 вработени, тоа е значајно не само за Охрид, туку и за државата.

Ова нека биде поттик и за сите стопански субјекти да ги искористат добрите бизнис политики од страна на Владата и заеднички низ еден партнерски однос да си помогнеме и во делот на развојот на бизнисот и во економскиот напредок на Република Северна Македонија, изјави Спасовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“, што крие ЈО и дали Коцевски го штити Спасовски?

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата