Спасовски: Двајцата полицајци биле во Шуто Оризари приватно

Од:

Двајцата вработени во МВР за кои е одреден притвор во врска со настанот во Шуто Оризари од 28 минатиот месец во моментот кога се случил инцидентот не биле на служба во населбата, не биле во функција на полицајци. Тие на местото на настанот престојувале приватно, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по настанот за доделување сертификати за завршена обука за идентификување на потеклото на пожарите.

– Тие таму не дошле ниту по нечија дојава, ниту по некаква објава на фејсбук, туку биле приватно на поминување низ населбата, истакна Спасовски.

Министерот за внатрешни работи посочи дека ден пред инцидентот на фејсбук имало објава за наводно киднапирање на деца во Шуто Оризари и додаде оти тоа било мотивот за целата оваа случка поради што и тој самиот го споделил со јавноста.

Спасовски потсети оти во врска со случајот се поднесени седум кривични пријави, но отворена е можноста и други луѓе да се инволвирани во овој настан.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривична пријава од МВР вчера во врска со настанот во Шуто Оризари донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца вработени во МВР. Постои основано сомнение дека тие сториле кривично дело „насилство“ од член 386 став 6 од Кривичниот законик.

-Тие се осомничени дека заедно со уште пет други лица за кои води постапка во ОЈО – Скопје извршиле грубо насилство врз тројца оштетени. Бидејќи осомничените се сомневале дека оштетените лица наводно грабнале дете од Шуто Оризари, тие ги пресретнале и насилно ги извлекле од патничкото моторно возило „хјундаи галопер“ без регистарски таблички. Притоа физички ги нападнале, удирајќи ги со тупаници и клоци и нанесувајќи им телесни повреди, се појаснува во вчерашното соопштение на ЈО.

За двајцата осомничени припадници на МВР е одреден притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Полициска акција: специјалци апсат во скопски Аеродром

Катерина Ѓуровски

Град Скопје: Курто Дудуш ставил приватни контејнери и наплаќа на парагон блокче за чистење на отпадот

Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија со канцерогени материи

Предраг Петровиќ

Телефонски измами: МВР апелира да не се даваат лозинки и лични податоци

Кривични за 12 македонски државјани и 1 странец за криумчарење луксузни возила, фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба

А1он

Пронајдени десет мигранти во две возила на преминот „Богородица“

Горан Наумовски