Спасовски: Динамизираните полициски активности даваат резултати во намалувањето на бројот на сообраќајни несреќи со фатални последици

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска учествуваше на Вториот состанок на Опсерваторијата за безбедност на патиштата на Западeн Балкан, под наслов „Улогата на агенцијата за безбедност во соoбраќајот и важноста на веродостојни и доверливи податоци во креирањето политики“.

„Во поддршка на втората декада – акција за безбедност на патиштата и визијата за нула жртви“, е темата на која говореше министерот Спасовски, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и шефот за соработка при делегацијата на Европската Унија во нашата земја Стефен Худолин.

Спасовски се осврна на ефективноста на мерките за ограничување на брзината и начинот на кој МВР во изминатиов период работи на нивна примена. Тој посочил дека МВР уште од 2018 година наваму драстично ги засили мерките и активностите во делот на безбедноста на сообраќајот на патиштата, пред сѐ во поглед на оперативното делување на сообраќајната полиција во сите организациони полициски единици. Тие нормативно-репресивни механизми, подвлекол Спасовски, беа и се насочени и кон прекршокот на брзо возење кој е еден од клучните фактори, поточно причинители на сообраќајните незгоди со потешки и фатални последици.

Од страна на полициските службеници при редовното работење и спроведените контроли, во периодот од почетокот на годинава заклучно со 31 октомври регистрирани се 166.853 прекршоци, што претставува тренд на зголемување за 70 проценти во споредба со истиот период од 2020 година. За 80 проценти се зголемени барањата за поднесување прекршочна постапка – 51.306 барања. Како најчести прекршоци, пак, информирал Спасовски, за кои се поднесени овие барања се издвојуваат брзото возење, управувањето без возачка дозвола и употребата на нерегистрирани возила.

– Вака динамизираните полициски активности даваат резултати изразени, пред сѐ, преку намалувањето на бројот на сообраќајни несреќи со фатални последици, што покажува дека сме на вистинскиот пат, потенцирал министерот Спасовски, соопштија денеска од МВР.

Истакна дека МВР, исто така, засилено работи и на техничко надградување на сообраќајната контрола, особено во поглед на пречекорувањето на пропишаната брзина на движење, преку набавка и користење на новите рачни радари „ласер кам 4“, опремени со уреди за ноќно снимање, а со цел подобрување на ефективноста на таквите мерки и воедно исклучување на човечкиот фактор и потенцираше дека во фаза на реализација е воспоставување на електронски систем за видео надзор за контрола на брзината на движење на возилата.

По прашањето на улогата на сообраќајната полиција во собирањето податоци од лице место на сообраќајните незгоди и усогласувањето на податоците со CADAS протоколот, Спасовски ги истакнал плановите за целосна дигитализација на системот и електронско поврзување на податоците со GPS локација и поврзување со податоците од другите системи како што е здравствениот.

– Министерството за внатрешни работи во изминатиот период го реализираше првиот дел од проектот ‘Електронски записник од увид во сообраќајна незгода’, со кој се воспоставува централна, електронска евиденција на извршени увиди на сообраќајни незгоди, при што се обезбеди внесување, чување и обработка на податоците од Записникот за извршен увид на место на сообраќајната незгода, рекол Спасовски. Додал дека при изготвување на софтверското решение на унифицираниот Образец на Записник за извршен увид на сообраќајна незгода се пристапи и кон имплементирање на CADAS протоколот, при што беа инкорпорирани Записникот за увид на сообраќајна незгода, Прашалникот СН1 и податоците за Важните варијабли од CADAS протоколот, а стручните тимови веќе работат на подготовка на втората фаза од проектот „Електронски записник за увид на сообраќајни несреќи“.

Спасовски најавил дека во наредниот период МВР планира да го надгради постоечкото софтверско решение за внесување на т.н. ГЕО – координати и можност за електронска размена на податоците со други институции.

На вториот состанок на Опсерваторијата за безбедност на патиштата на Западен Балкан учествувале преставници на Меѓународната транспортна заедница, Светската банка, Европската комисија, Меѓународната автомобилска федерација и Светската здравствена организација.

Би можело да ве интересира

МВР: Се истепале вработени во здравствена установа во Скопје

Уште се чека за пасош со месеци, постапката забрзана ама само за оние што имаат да платат 100 евра

МВР: Скопјанка нападнала новинар, но и полициски службеник

Тошковски: Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата

Орце Костов

Убиениот лекар бил матичен од Железара – се прегледува видеонадзорот за да се најде убиецот

Анита Петровска Рајковиќ

Приведена тетовка барана со потерница