Спасовски: Денес е важен ден за Република Македонија

Од:

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска откако го оствари своето право на глас изјави дека денеска е важен ден за Република Македонија и дека граѓаните треба слободно да ја изразат својата волја.

– Најважно од се е граѓаните на Република Македонија да можат денеска самостојно да ја донесат својата одлука. Да имаат можност без притисоци, без закани и уцени да го остварат своето гласачко право. Апелирам до граѓаните на еден достоинствен начин да покажеме дека и овој ден ќе даде придонес кон реформите во македонското општество, рече Спасовски.

Тој потенцира дека за Република Македонија е многу важно да покаже дека има капацитет да организира фер и демократски избори, а за тоа треба свој придонес да дадат и политичките партии

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ