Спасовски: Да ги почитуваме сите мерки за да се заштитиме

Од:

Премиерот Оливер Спасовски денеска ги повика граѓаните и покрај намалување на рестрикциите на движењето тие да ги почитуваат препораките и мерките за да се заштитат.

-Се намалуваат рестрикциите на движењето, но за да се заштитиме мора да останеме внимателни и да ги почитуваме сите мерки. Секој работен ден, од понеделник до петок дозволено e движење на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. За лицата над 67 години дозволено е движење од 05:00 наутро до 12:00, а за младите лица до 18 години од 13:00 до 19:00 часот. Се намалуваат и рестрикциите за движење за време на викендите. Дозволено е движење во сабота до 15:00. За лицата над 67 години дозволено е движење од 05:00 до 11:00, а за младите до 18 години од 12:00 до 15:00, напиша Спасовски на својот фејсбук профил.

При секое излегување надвор, додава тој, строго да се придржуваме до мерките за лична заштита, затоа што на тој начин придонесуваме и за заштита на јавното здравје. Да бидеме одговорни, вели Спасовски, и да ги почитуваме мерките кои штитат од коронавируисот.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски