Спасов: За пензионирање остануваат постојните законски решенија

Од:

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска како шпекулации ги оцени информациите дека се работи на законски измени кои ќе овозможат пензионирање со збир на годините на стаж и старост.

– Се работи за шпекулација која неколку пати по ред излегува во јавноста. Во моментов во Министерството за труд и социјална политика и во Владата не се води постапка за измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување во насока на промена на правото на стекнување на пензија, изјави министерот Спасов одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на детската градинск „Сент пол“.

Тој појасни дека според постоечкиот Закон право за стекнување старосна пензија имаат граѓаните кои ќе наполнат 64 години за мажи и 62 за жени и имаат најмалку 15 години работен стаж.

Во јавноста неодамна се појавија информации дека право на пензија ќе може да се оствари со збир на годините стаж и старост, за што би било потребно 85 години за жени и 90 години за мажи

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нова програма за европска иднина: Просечна пензија од 500 евра

Горан Наумовски

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Повеќе за сите е мерката за поддршка на пензионерите до 15.000 денари за 5 месеци

СДСМ: Антикризните мерки од 662 милиони евра опфаќаат 187.000 пензионери

Горан Наумовски

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов