Спасов: Проектот Отворени социјални денови успешен, продолжува во септември

Од:

Во рамки на Проектот Oтворени социјални денови што се спроведуваше од септември до ноември лани и од февруари до јули годинава биле опфатени 6.898 граѓани од рурални средини, од кои 467 веќе оствариле право на заштита, редовна финансиска помош или услуга за надминување на социјалниот ризик со кој се соочуваат. Поради неговата успешност, проектот ќе продолжи и во наредниот период од септември до ноември годинава.

– Со овој проект се овозможи стручните тимови на центрите за социјална работа да допрат и до граѓаните коишто живеат во пооддалечените населени места во руралните средини, кои можеби и поради најразлични причини досега не стигнале до одредена парична помош и парично право и услуга од системот на социјална и детска заштита. Со ваквите непосредни и теренски посети се постигна унапредување на пристапот кон правата и услугите од социјалната заштита за жителите од руралните населени места ширум државата, и значително го приближи системот на социјална заштита до оние на коишто им е најпотребна. Триесетте центри за социјална заштита имаа обврска на граѓаните да им дадат стручна помош во решавањето на социјалните проблеми со коишто се соочуваат, да им помогнат во обезбедување на неопходната документација и поднесување на формуларите и остварување на правата, рече на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

При тоа, додаде тој, приоритет беше стручните тимови од центрите за социјална работа во соработка со општините и месните заедници да организираат што повеќе средби со поголем број граѓани кои се наоѓаат во социјален ризик, или пак, им е потребна одредена услуга од институциите, а пред се, од Министерството за труд и социјална политика, центрите за социјална работа и единиците на локалната самоуправа. Стручни тимови на Центрите за социјална работа во соработка со најголем дел од општините, во прва фаза посетиле 662 населени места, а во втората фаза во прв или втор пат посетиле се 480 населени места во 74 општини ширум државата.

– На информативните средби за правата и услугите од социјалната заштита, како и давање информации за услуги кои се обезбедуваат од други институции беа опфатени и посетени 6.898 граѓани, од нив веќе 467 граѓани остварија права од социјална заштита, остварија редовна финансиска помош, добија соодветна услуга, која што ќе им помогне во надминување на ризикот со кој се соочуваат. Токму ова е показател за успешноста на проектот, да се помогне на голем број граѓани на кои им следува помош согласно со закон, а досега не ја остварувале. Стручните работници направија увид и дадоа советување, во домовите ги посетија неподвижните лица, советуваа граѓани за надминување на нарушени семејни односи, советуваа малолетници, а некои граѓани ги упатуваа во други институции и им даваа помош при остварување на право на користење народна кујна, донации и сместување, рече Спасов.

Најави дека следува продолжување на проектот од месец септември заклучно со месец ноември 2014 година.

– Планирано е да се опфатат нови рурални средини и повторно да се посетат оние каде што има потреба. Во однос на претходно посетените рурални средини, ќе се предвиди повторна посета со цел да се провери состојбата на евидентираните лица/семејства во социјален ризик, но и ќе се обезбедат соодветни донации во облека, храна и хигиенски производи. Во однос на претходно евидентираните случаи на потреба од социјална заштита, центрите за социјална работа спроведуваат континуиран систем на следење на постапките за остварување на правата и услугите од социјална заштита, истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Додаде дека Владата и Министерството ќе продолжат да преземаат мерки и активности на социјална превенција во насока на спречување на социјални ризици, рано откривање и ран третман на граѓанинот изложен на социјален ризик, а со цел, како што рече, да се надминат и ублажат штетните последици од изложеноста на социјален ризик, како и да се воспостави координирана соработка меѓу општините и центрите за социјална работа во поглед на поголема достапност на системот на социјална заштита.

Проектот, истакна Спасов, ќе продолжи за да може да се овозможи поблизок пристап во работата на центрите за социјална работа, така што, овие услуги ќе ги обезбеди во местото на живеење на граѓаните и на тој начин тие ќе бидат поштедени од дополнителни финансиски трошоци. 

Би можело да ве интересира

Газдите може да ги издаваат становите по цени колку што сакаат: Пратениците против утврдување на горна граница за кириите

Орце Костов

Цените на становите во Скопје со раст од седум отсто во четвртиот квартал лани

Цените на становите во Скопје со раст од 11 проценти на годишно ниво

Орце Костов

Во јули 280 одобренија за градење, за 33,6 отсто помалку во однос на истиот месец лани

Ќе паѓа цената на становите во Скопје, државата најави регулација

Орце Костов

Зголемени цени на становите, поголема побарувачка за станбени кредити и повеќе издадени одобренија за градба – извештај на Народната банка

Катерина Ѓуровски