Спасени двете момчиња кои исчезнаа во Охридското Езеро

Од:

Езерската полиција во Охрид рано изутрината ги пронајде и ги спаси двете момчиња кои синоќа на чамец носени од силните струи и ветрот исчезнаа во воденото простаранство на Охридското Езеро.

Тие околу 20 часот со гумен чамец влегле во Езерото, а петнаесетина минути подоцна во охридската полиција било пријалено нивното исчезнување, по што започнала интензивна потрага.

Очевидец ја информирал полицијата за правецот на движење на чамецот, но ноќта ја отежнала потрагата. Патролата на Езерската полиција по повеќечасовна потрага, рано изутрината во 5 часот ги нашла момчињата живи во близина на Св. Наум.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ