Спасен дански брачен пар од Преспанско езеро

Од:

Час и половина му беа потребни на рибарот Абди Селимовски вчера во попладневните часови од разбеснетите води на Преспанското езеро, да ја спаси брачната двојка од Данска – 59 годишниот Ромет Бучер и неговата 60 годишна сопруга Анке Распрајт.

Околу 18 часот на Селимовски телефонски му се јавил концесионерот на  езерото Науме Ставревски, кој го известил дека во водите има чамец во кој се наоѓаат двајца туристи на кои животот им е во опасност.

Салиевски веднаш тргнал кон чамецот, но кога се доближил на околу педесетина метри, тој од силниот ветер и бранови го смени правецот и бил носен кон средината на езерото. Кога стигнал до него успеал чамецот да го врзе за својот чамец и да стигнат на брегот.

Брачниот пар од Данска, имал искуство со води, но тоа не било доволно да се справи со големите бранови и ветерот.

– Сакавме да уживаме во убавините на ова езерото. Со мојот сопруг, и покрај укажувањата на сопствениците да не влегуваме, се фативме за веслата. Не очекувавме дека ветерот ќе стане толку силен. Не можевме да се справиме со големите бранови, па легнавме во чамецот и се препуштивме на судбината. За среќа се појави Абди кој со своето знаење и храброст ни ги спаси животите. Цел живот ќе му бидеме благодарни. Кога би имало повеќе вакви луѓе, вели Анке.

Данскиот брачен пар втора година доаѓа на одмор во Отешево.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Легендарниот германски актер и режисер Брајан Мајклс добитник на наградата за животно дело Актер на Европа 2025 на Интернационалниот театарски фестивал во Преспа

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он

Силен земјотрес ноќеска ги вознемири граѓаните на Преспа

A1on

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата