Спас од лажни вести преку новата апликација на GRID

Од:

Во времето на лажни вести и социјални медиуми, вие, читателите сте преплавени со информации од кои повеќето може да бидат невистинити. Освен лажните вести, пречка претставуваат и големиот број информации што може да не се од  ваш интерес. Сето ова помага вистинските информации да ви избегаат од рака.

Решението за овие проблеми може да го најдете во апликацијата GRID, која од своето лансирање до денес привлече лојална публика која секојдневно ја користи апликацијата за својата дневна консумација на информации.

Со цел да ја прошириме слободата што ја уживаат корисниците на апликацијата, истата во овој период доби нова верзија со модерен и функционален редизајн, како и со верзија за iOS-оперативниот систем.

Новата верзија на апликацијата GRID има чист и прегледен дизајн со што им овозможува на читателите многу лесно и интуитивно да ги разгледаат вестите што се од нивен интерес.

Функционалноста е задржана преку можноста за селектирање медиуми, категории, како и креирање сопствени категории од полиња на интерес на читателите. Пласирањето квалитетна информативна содржина е должност на GRID, а ваша должност е само да го направите изборот за тоа на која содржина ќе ѝ го посветите вашето време и внимание.

Не губете време прелистувајќи низ социјалните мрежи и сурфајќи на безброј интернет-страници. Дојдете до сите потребни информации за вас преку новата апликација на GRID. Бесплатно симнете ја новата верзија на апликацијата за Android или iOS-системите.

Би можело да ве интересира

Не биди роб на социјалните медиуми, земи ја контролата во свои раце

Наум Локоски

Во Македонија дневно се произведуваат 6.000 вести. Како да дојдете до оние што вас ве интересираат?

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Мисовски: Никола зрело време е да си одиш!

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ангелов: Кога се појавија албански знамиња, Бранко не побегна во Америка како Никола

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Жерновски: Власта да падне за да се крене Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Црвенковски: 2013. да биде година кога храброста ќе го порази стравот, а волјата ќе биде посилна од диктатурата на власта

Ана Ололовска