Спано за пресудите за Софија: Секоја членка на СЕ е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на Судот

Од:

Oпштото начело е сосема јасно е секоја земја-членка на Советот на Европа е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на Судот. Во голем број пресуди Судот потсетува на ова начело и државата мора да ги спроведе одлуките на Судот во духот на Конвенцијата.

Ова го денеска на прес-конференција го изјави претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано во одговор на прашањето на МИА за неспроведувањето на 16-те пресуди за Бугарија за прекршување на човековите права и правото на здружување на македонското малцинство, како и изјавата на заменик помошникот на државниот секретра на САД Габриел Ескобар дека амбасадорката на САД во Софија со европските партнери работи на решавање на овие проблеми.

– Прашањето што го поставувате е прашање што се однесува на спроведувањето и извршувањето на судските одлуки и важно е да се потсетиме дека постои јасна разлика меѓу улогата на Судот да изрекува одлуки и посебниот оддел на Советот на Европа кој го надзира спроведувањето. Претседателот на Судот не е тој што треба јавно да дава коментари. Меѓутоа, општото начело е сосема јасно, тоа е дека секоја земја-членка на Советот на Европа е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на Судот. Во голем број пресуди Судот потсетува на ова начело и државата мора да ги спроведе одлуките на Судот во духот на Конвенцијата, подвлече Спано.

Таа обврска, додаде тој е недвојбена и јасна. – Тоа е општата изјава што би сакал да ја дадам по тоа прашање, меѓутоа не е моја улога јас да дадам коментар за конкретни поединечни чувствителни прашања меѓу две земји во однос на спроведувањето и одредени видови пресуди, оцени Спано на заедничката прес-конференција во Скопје со министерот за правда Бојан Маричиќ.

Спано исто така додаде дека кога се работи за спроведување и извршување одлуки на Судот, одговорноста на министерскиот совет е да го следи процесот.

– Во таа смисла многу е јасно дека општата легитимност е авторитетот на системот и причината за неговото постоење е кога Судот за човекови права во Стразбур ќе изрече обврзувачка пресуда на поединечна земја-членка. Таа земја-членка со тоа што е потписничка на Конвенцијата има направено еден избор дека ќе се смета за обврзана, тоа е логичкиот тек, меѓутоа како се одвиваат работите во секој конкретен случај треба министерскиот совет да ги обезбеди, а не Судот, посочи претседателот на Европскиот суд за човекови права Спано на прес-конференцијата во Скопје.

Прес-конференција на министерот за правда Маричиќ, претседателот на Европскиот суд за човекови права Спано и програмскиот директор за Западниот Балкан во AIRE Центарот, Билјана Брајтвејт претходеше пред почетокот на регионална конференција на тема „Ефикасен поврат на имот во согласност со европските стандарди“.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО