СОЖМ добитник на нагрдата на Француската амбасада за човекови права

Од:

Националниот совет за родова рамноправност – СОЖМ, е годинашен добитник на наградата што ја доделува Амбасадата на Франција по повод 10 декември – Денот на човековите права.

Како што информира на денешната прес-конференција француската амбасадорка Лоренс Оер, наградата која се организира по втор пат од Француската амбасада е дел од наградите кои што постојат во 50 земји во рамки на француските амбасади во светот. Овогодинашната награда во Македонија ја добива НВО која е фокусирана на проблемите на жените и зајакнувањето на нивната позиција во општеството.

– Универзалната декларација за човекови права која потекнува од Франција, укажува дека секоја индивидуа дури и онаа која живее во најтешки економски услови ги има истите права. Зајакнувањето на правото на жените за што се бори НСРР – СОЖМ и еднаквоста е универзално право за кое сите ние заедно сме онединети и се бориме и им припаѓа на сите, рече амбасадорката Оер.

Савка Тодоровска од Националниот совет за родова рамноправност истакна дека наградата која доаѓа од земја со високи стандради како Франција, за нив е поттик да продолжат со нивната дејност. Таа се осврна на состојбата со жените во земјата, пред се во руралните средини и за потребата од јакнење на нивната свест за сопствените потенцијали и вклучување на пазарот на трудот.

– Иако постои закон за наследство на еднакви права, има само два проценти жени кои поседувааст сопствен имот, а тоа го отежнува добивањето гаранции при отворање сопствен бизнис, рече Тодоровска.

Инаку, покрај наградата за човекои права, Амбасадата организира и летен универзитет за човекови права, соработува со Правниот факултет при УКИМ со намера во блиска иднина да се организираат мастер студии во оваа област.

Минтата година наградата за човекови права ја доби НВО која работи на образование на децата од улица.

Наградата за човекови права, која се состои во скромна сума парични средства, на НСПП ќе му биде врачена вечер на прием во Амбасадата на Франција.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза