Советување за „Управување со судовите“

Од:

Претседатели на судови и судски администратори денеска и утре учествуваат на советување на тема „Управување со судовите“ во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Учесниците на советувањето имаат можност да се запознаат со француските искуства за управувањето со судовите, за управувањето со човековите ресурси, како и со целите кои треба да се постигнат со имплементацијата на најдобрите практики во остварувањето на принципите на владеењето на правото.
Предавачи на советувањето се државниот јавен обвинител од Апелацискиот суд Анеси во Франција, Ерик Маилауд и советникот на претседателот на Апелацискиот суд Анже во Франција, Сами Бен Хад Јахија.
Француските експерти денеска, на првиот ден од советувањето посочија дека нема владеење на правото без правдата, но и дека не може да има правда доколку нема ефикасно судство и добра судска служба.
– Дискусијата за раководењето на судовите како суштински сегмент за ефикасноста на судството води кон остварувањето на принципите  на владеењето на правото, истакнаа француските експерти и додадоа дека дебата помеѓу судиите и споделувањето на искуствата може многу да придонесе во тоа.
Француската амбасадорка во Македонија, Лоренс Оер обраќајќи се на советувањето истакна дека претседателите на судовите треба да дадат пример и да помогнат да се развијат вредностите на секој судија и јавен обвинител.
– Судската средина е специфична бидејќи судијата и обвинителите се независни, истрагата е тајна, а интегритетот на процедурата на постапката бара раководењето на секој суд да биде адаптирано за секој предмет, додаде Оер.
Според француската амбасадорка доброто правосудство треба да се држи до принципите затоа што, како што рече, тоа е важен услов за да имаме правна држава.
Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудовска изрази надеж дека Франција и понатаму ќе му дава поддршка на македонското правосудство во унапредувањето на својата независност, како и во отпорот од било какви притисоци во овие моменти.
– Судиите и претседателите на судовите во секојдневната работа треба да го практикуваат отпорот од сите видови притисоци и да ги штитат незавосноста и интегритетот на судиите, додаде Арнаудовска.
Дводневното советување се одржува во рамки на потпишаниот Меморандум за соработка на Академијата за судии и јавни обвинители со Француската амбасада во Македонија и Државната правосудна академија на Република Франција (ЕНМ).

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза