Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира дводневно советување на тема „Примена на јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права“.
Советувањето, што се одржува во рамки на потпишаниот Меморандум за соработка со француската Амбасада и Државната правосудна академија на Франција, е наменето за судии и стручни соработници од сите апелациски подрачја, адвокати и претставници на Бирото за застапување на Република Македонија пред ЕСЧП.
Советувањето ќе го отвори директорката на Академијата Анета Арнаудова, а пред присутните ќе се обрати и француската амбасадорка во земјава Лоренс Оер.