Советот за култура на СДСМ реагира за Програмата за проекти од национален интерес

Од:

Советот за култура при СДСМ ја оценува Годишната програма за проекти од национален интерес за 2013 како најлоша досега и не е изненаден од реакциите на многу уметници и актери.

„Од изборот на проектите не може да се изведе издржан заклучок зошто едни проекти и манифестации добиле средства наспроти други, зошто едни списанија се финансирани со повеќе броеви, а други со помалку, зошто некои ликовни колонии или саеми добиле пари, а други не.

– Но, надвор од ваквите индивидуални слабости, кои се должат на некомпетентниот избор на непознатите комисии, чии листи се очигледно подоцна скратувани и дополнувани по партиските кабинети, постојат неколку тенденции во Програмата што укажуваат на општи текови на „културната“ политика на оваа власт, а се апсолутно погрешни и неприфатливи

– Никогаш не бил поголем бројот на непознати и просечни уметници што добиле субвенции од Министерството и никогаш не бил поголем бројот на веќе видени, изветвени и проекти што очигледно не се од национален интерес за Македонија, а што се поддржани во објавената програма“, се наведува во соопштението.

За Советот е неприфатливо тоа што националната програма се дели на македонска и албанска, како и тоа дека се поддржуваат проекти на естрадни ѕвезди и дела од популарната култура. Како неприфатливо го оценуваат и тоа што Министерството за култура се јавува како директен организатор на домашни и меѓународни проекти од церемонијален карактер.

„Неприфатливо е што националната програма за култура стана паричка за поткусурување на уметниците и културните работници што ѝ служат на оваа власт и на оние што не се согласуваат со владините политики.

– Неприфатливо е што постои очигледна тенденција на естрадизација и популаризација на Програмата, која треба да поддржува проекти од врвен национален интерес, а тоа значи со врвен уметнички квалитет. Се поддржуваат проекти на естрадни ѕвезди и дела од популарната култура, кои во сите нормални земји се дел од независната пазарно ориентирана културна индустрија.

– Неприфатливо тоа што Министерството за култура се јавува како директен организатор на домашни и меѓународни проекти од церемонијален карактер, кои ќе потрошат најголем дел од објавениот буџет, што е недозволива и недемократска практика за една нормална земја, каде што Министертвото треба да обезбеди непристрасна поделба на проектите, а не самото да се јавува како јадач на народните пари“.

„Тоа што и оваа година Програмата е донесена по истата инерција покажува дека Министерството за култура нема никаква визија, компетенции и желба да ги менува состојбите во уметноста и во културата кон подобро“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов