Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Од:

Советот за безбедност утре на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти Кабинетот на шефот на државата.

По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на јавниот сервис, Фејсбук и Јутјуб каналот на претседателот.

Од Кабинетот додаваат дека во согласност со препораките за заштита од Ковид-19 изјавата на претседателот Пендаровски ќе се реализира на отворено, пред „Вила Водно“.

Утре е последниот ден кога истекува третата – двонеделната вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 15 мај.

Претседателот Педаровски, почнувајќи од 18 март досега донесе три одлуки за прогласување вонредна сотојба. Првите две во времетраење од по 30 дена, а последната од 14 дена.

Би можело да ве интересира

Америка стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Газа

Конститутивна седница на Советот за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна

А1он

Kонститутивна седница на Советот за безбедност

А1он

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Претседателката Сиљановска Давкова ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова, Џевдет Хајредини и Владимир Спиридонов за членови на Советот за безбедност

Предраг Петровиќ

Безбедносната состојба во моментов не е загрозена, нема потреба да се свика Советот за безбедност, вели Тошковски