Советот за безбедност ја разгледа Информацијата за стратешките набавки во Армијата

Од:

Во Кабинетот на претседателот на Републиката денеска се одржа 11-та редовна седница на Советот за безбедност, на која беше разгледана Информацијата за стратешките набавки во Армијата во наредниот период.

Како што соопшти кабинетот на Пендаровски, на седницата беа разгледани проектите и активностите за развој и одржување на капацитетите на одбраната предвидени со Долгорочниот план за развој на одбранбените способности на одбраната 2019-2028 година, во согласност со интеграцијата во колективниот систем на одбраната на НАТО.

– Највисока стратегиска цел на Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО е координиран развој и одржување на оперативните способности на одбраната. Опремувањето и модернизацијата на Армијата овозможува државата да ги проектира и заштити своите витални национални интереси, а со тоа да ја зајакне својата геополитичка и гоестратегиска положба, се вели во соопштението.

На седницата, што ја свика шефот на државата, покрај членовите на Советот за безбедност, присуствуваа и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре ја свика втора седница на Советот за безбедност

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Америка стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Газа

Конститутивна седница на Советот за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна

А1он

Kонститутивна седница на Советот за безбедност

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара