Советот уште еднаш одби да ги изгласа обвинителите на Јанева

Од:

Советот за јавни обвинители на денешната седница одби да го разгледа барањето на специјалната обвинителка, Катица Јанева, да се изгласаат останатите седум предложени кандидати за да се комплетира нејзиниот тим. За време на денешната седница, претседателот на Советот, Петар Аневски, излезе од салата да им соопшти на медиумите дека членовите донеле одлука барањето на Јанева да не биде точка на дневен ред.

Претходно Јанева испрати допис до Советот со кој бара изгласување на преостанатите кандидати, а до Советот ургираа и политичките партии преку Министерството за правда. Во прилог на писмото од Министерство, во кое се бара што поскоро да се закаже седница за оваа точка, беа и потписи на четирите политички партии учесници во преговорите.

Официјално седницата требаше да се одржи вчера изутрина, но беше одложена без објаснување. Наводно одложување побарал државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, кој е и член на Советот. Завчера Аневски рече дека барањето ќе биде ставено на дневен ред откако Јанева ќе испрати допис, но тоа ни денеска не се случи.

Би можело да ве интересира

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали

Нови докази од истрагата за „ботоксот“: Обвинителството покрена истрага против две лица

Обвинителство: Обвинителката Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението