Советот на општина Струмица го усвои буџетот за наредната година

Од:

Советот на општина Струмица го усвои буџетот за наредната година. Во општинската каса се планира да се соберат 1 милијарда 122 милиони и 430 илјади денари, што во споредба со ланскиот буџет е на приближно исто ниво.

Според градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, и покрај ограничувачките рамки за креирањето на буџетот се очекува и во 2019 година да продолжат капиталните инвестиции во општината.

-Потенцијалот за развој во општината постои, бидејќи за разлика од 2018 година кога не можевме да располагаме со градежното неизградено земјиште поради немање доволно лиценци, ние, сега, реално во 2019 година ќе можеме да менаџираме со неизграденото градежно земјиште. Тоа условува градба и плаќање на комуналии и реално очекувам буџетот да се зголеми и тоа веќе во првата можна прилика, некаде во март идната година, ќе има потенцијал да се направи ребаланс и да се подигне оваа сума со што средствата за капитални објекти во нашата општина ќе се зголемат, рече градоначалникот Јаневски.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано за буџетот и при тоа забележаа дека треба да се посвети поголемо внимание на мерките кои овозможуваат реално полнење на буџетот.

На денешната седница советниците разгледува вкупно 57 точки од дневниот ред. Тие усвоија повеќе програми од различни области на работењето на општина Струмица и на јавните претпријатија, како и повеќе одлуки и решенија во надлежност на локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите