Советот на јавните обвинители ќе расправа за оставката на Аневски

Од:

Советот на јавни обвинители на Република Македонија на денешната седница треба да расправа за оставката на претседателот на Советот, Петар Аневски, кој во вторникот ја поднесе поради лични и семејни причини.

– Членовите на Советот ќе одлучуваат по мојата оставка в четврток. Дали ќе ја прифатат или не, тоа е нивна одлука. Без разлика на оставката, и понатаму останувам на функцијата член на Советот на јавни обвинители бидејќи сум избран од ОЈО Битола и ќе продолжам со таа функција од 1 септември ако биде прифатена мојата оставка. Мојата функција изминува во 2020 година и имам уште три години да ја вршам функцијата член на Советот на јавни обвинители, изјави Аневски пред два дена.

Тој се повлекува од претседателската функција, но и понатаму останува член на Советот.

Петар Аневски беше избран за претседател на Советот на јавни обвинители од 30 јуни 2014. На чело на Советот дојде од Вишото обвинителство во Битола.

Според Законот за Советот на јавни обвинители на РМ, претседателот на Советот се избира од членовите на Советот, од редот на избраните јавни обвинители, со мнозинство гласови од вкупниот број членови со тајно гласање. Советот на јавни обвинители, согласно законот, треба да брои 11 членови.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај