Советот на Европа со забелешки за законот за медиуми, Ивановски најави нова нацрт – верзија

Од:

Контролата на власта преку Агенцијата за радиодифузија ќе ја зголеми цензурата во медиумите. Печатените и интернет медиумите да се изземат од законот, бидејќи релугацијата на сите медиуми во еден закон ќе претставува опасност од недоследности – се вели во забелешките на Советот на Европа за нацрт – законот за медиуми.

Во анализата на Советот на Европа има забелешки во речиси секое поглавје на законот во сите 130 страни.

Во однос на прашањето за Агенцијата за радиодифузија, која треба да врши регулација на медиумите, СЕ предлага членовите во советот да се бираат со двотретинско мнозинство во Собранието, бидејќи владејачката партија ќе има доминантно влијание преку номинирањето членови од страна на Комисијата за избори и именувања и назначувањето на кандидатите во Парламентот затоа што и на двете места им е потребно просто мнозинство. Затоа е потребно да се зголеми бројот на членови кои ќе ги предлага невладиниот сектор.

Воедно, дефинирањето на новинарот за Советот на Европа е неприфатливо во формата во која е дадено во предлог – законот.

Инаку денеска, по завршувањето на јавната расправа за нацрт – закон за медиуми организирана од Министерството за информатичко општество, министерот Иво Ивановски изјави дека до вечерва ќе се објави нова нацрт – верзија на законот со вградени измени, поради забелешките што пристигнуваат од сите страни. Новата нацрт – верзија ќе биде објавена на веб – страницата на Единствениот национален електроснки регистер на прописи.

Би можело да ве интересира

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

Орце Костов

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Извештај за безбедноста на новинарите: Продолжуваат заканите, притисоците и ограничувањата врз медиумските работници

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време