Советниците во Центар не гласаа за суспензија на ДУП-от, ама ќе се прават нови елаборати за „Гранд“

Од:

Советниците во Општина Центар денеска воопшто не гласаа за одлуката да се суспендира Деталниот урбанистички план, со што би се запрела изградбата на трите кули на паркингот кај хотелот „Холидеј ин“.

Таква точка воопшто не била ставена на дневен ред на седницата, на која, сепак, по предлог на советничката група на СДСМ, било изгласано изработката на елаборатите во кои ќе бидат наведени прекршувања на постапките да се прогласи за неважечка, а сега општинските служби ќе треба да прават нови елаборати.

– Дојдовме до заклучок дека минатиот заклучок, односно измената, оваа е трета, е премногу општ за општината, недоволно јасен за да може да се постапува по истиот и градоначалникот не можеше да постапува и не постапи по истиот, изјави советникот Јон Фрчкоски кој ја предложи точката на која овој заклучок беше предмет на расправа.

Тој додаде дека смета оти заклучокот треба да претрпи измени со кои не би се нанеле сериозни штети на општината и притоа би му овозможиле на градоначалникот да постапи по него.

– Се задолжува Комисијата за урбанизам формирана од градоначалникот и стручните служби од Секторот за урбанизам, да изготват стручни елаборати за деловите од детални урбанистички планови за кои е неопходна примена на институтот „суспензија на урбанистички план, на негов дел или планска одредба“ согласно членот 23 од Законот за урбанистичко планирање, стои во Заклучокот кој беше одобрен од Советот на Општина Центар. Притоа, се задолжува градоначалникот на Општина Центар да ги достави изготвените стручни елаборати од Комисијата за урбанизам формирана од градоначалникот и стручните служби од Секторот за урбанизам со Барање за давање мислење за суспензија до министерот за транспорт и врски во рок од 20 дена од донесување на овој Заклучок.

Би можело да ве интересира

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Ќе се проценуваат ризиците од свлечишта и нестабилност пред планот за Барутана да оди на гласање, ветува Герасимовски

Катерина Ѓуровски

Општина Центар најави нова дератизација, откако граѓаните се пожалија на наезда на глувци

Катерина Ѓуровски

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек