Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Шилегов со прст не мрдна за заштита на Водно

Од:

„’Водно ќе го вратиме на Скопјани. Водно ќе биде повторно белите дробови на нашиот град’ им порачуваше на Скопјани градоначалникот Петре Шилегов од предизборните митинзи во 2017. Заштитата на Водно стои во неговата предизборна програма и таму се најавуваше дека ‘ќе се постават нови заштитни гранични линии зад кои зеленилото ќе биде неприкосновено и во заштита на градот. Овие заштитни линии нема да можат да бидат заобиколувани со т.н. времени објекти, урбани опреми и слични изговори за профит’. Но, во 2018 Шилегов напрвин дозволи гасоводната линија да помине низ срцето на парк-шума Водно, за по протестите на екологистите да изјави дека тој е гарант за зачувување на планината. Владата тогаш вети и специјален закон за заштита на Водно. Сепак, во 2019, во Студијата за ревалоризација на парк-шума Водно со амин на Градот беа исцртани нови, повисоко поставени граници на Водно и се намали степенот на неговата заштита. Водно станува бразилска фавела, а Шилегов со прст не мрда за мегова заштита“, се вели во соопштението од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

„Законот не беше донесен, а не беше извршено ниту планираното пошумување за што МЕР имаше издвоено околу еден милион денари како компензација на штетата сторена со изведбата на гасоводот. Место тоа, Шилегов во медиумите зборуваше за ‘разубавување’ на Водно и негова ‘урбанизација’, со изградба на екшн-паркови, велосипедски патеки и зиплајни. Ништо од зиплајнот, ништо од ветувањата на Шилегов за заштита на Водно. За три години не е превземен ниту еден чекор за заштита на Водно. Неспособноста на Шилегов најголема закана за Водно“, се додава во него.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела