(ВИДЕО) Советниците и жителите: Водно станува ноќна мора

Од:

Проблемот со Водно е една од главните теми на советничките прашања во општина Центар.

Советничката Весна Милосавлевска од „Сојузот за иднината“ праша како може да се надмине состојбата на Водно која, рече таа, се’ повеќе станува ноќна мора на жителите.

Посебен проблем е улицата „Славејко Арсов“, каде граѓаните особено по обилните дождови, се жалат на излеана канализација, немање на улично осветлување, но и на она од што стравуваат, а тоа се напукнатите ѕидови на куќите кои можат во секој момент да се урнат.

vodnoCrack (1)

Градоначалникот Андреј Женрковски одговори дека состојбата на Водно не е решавана со децении. Негов став е дека не треба да се дозволи натамошна градба на Водно.

„По дождовите има нови сигнали на пукање на ѕидовите. Колку и да говориме за уредување – главниот проблем е стабилноста на Водно“, рече Жерновски.

Раководителот на Секторот за урбанизам, Горан Иљовски посочи дека е нарачана студија за стабилноста на земјиштето на Водно. Во тек е изградба на три потпорни ѕида кои почнаа да се градат во понеделникот. Четири улици исто така ќе се реконструираат и ќе бидат соодветно осветлени.

vodnoCrack (2)

Советничката Саша Сашек Гошева праша до каде е постапката во Уставниот Суд за ДУП-от Тасино Чешмиче и Капиштец-Водно.

„Истото прашање го поставувам и јас. Ова е трета иницијатива која ја доставувам до Уставниот Суд на кој нема одговор. Се надевам дека ова не е игра на Уставниот Суд“, одговори Жерновски.

За текот на седницата и за тоа дали е изгласан ДУП-от со кој се дозволува градење на десеткатница на Водно нема одговор ниту на барањето за автентично толкување од Собранието.

Нема одговор ни за барањето на временото решение за стопирање на активностите на Водно.

Би можело да ве интересира

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски

Герасимовски: Со директорите на училиштата и градинките договоривме конкретни мерки, дератизација, дезинсекција и дезинфекција на сите училишни објекти

Герасимовски: Овој ден е важен, затоа што со секој глас се гради демократијата и иднината на Општина Центар

Горан Наумовски