Советници од ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е како подвоена личност околу Универзалната сала

Од:

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Град Скопје реагира на, како што велат, скандалозниот однос на градоначалникот Петре Шилегов кон прашањето на Универзалната сала.

„Им ветив на Златните славејчиња дека во новиот објект ќе го слават 50-годишниот
јубилеј“, рече Шилегов во мај 2018. Вети и излажа. Ова се зборови на Шилегов.
Трета година е градоначалник на градот Скопје и нема никакви оправдувања за
неговата неработа,“ велат советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

„Шилегов даваше ветувања дека Универзална сала ќе биде реконструирана. Влада
во Република Македонија трета година е токму неговата политичка опција. Наместо
да си ја префрла топката влада-град Скопје, всушност тој ја потврдува неговата
изразена неспособност да решава проблеми.

Шилегов се однесува како подвоена личност. Еден ден вели ќе ја гради Универзална
сала, друг вели ќе ја руши, а третиот лее крокодилски солзи за салата и пак не нуди
решение. Сето е доказ за неговата неспособност,“ се вели во нивното соопштение.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?