Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скопје и вечерва се гуши, а Шилегов два дена никаде го нема

Од:

„Скопје и вечерва се гуши, а Шилегов два дена никаде го нема. Шилегов наместо да бара решенија и да работи на намалувањето со загадувањето ќе излезе од време на време на некој медиум и ќе каже дека Скопје добро се справува со загадувањето, а всушност народот се труе“, вели Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје.

„Петре Шилегов ги излажа скопјани дека ќе донесе алпски воздух. Воздухот во Скопје никогаш не бил повеќе загаден.

Три години Шилегов го преспа мандатот и не направи ниту еден проект од значење за животната средина. Нема инвестиции во нови зелени површини, енергетско ефикасни објекти или друг вид на проекти кои ќе влијаат за намалување на загадувањето.

Шилегов ги труе скопјани и го умира градот. Наместо за борба против КОВИД 19 или загадениот воздух Шилегов дава 200.000 евра за лампиони.

Лампионот Шилегов нема чувство за интересите на граѓаните“, се наведува во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче