Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Штитејќи се од корона, неспособноста на Петре Шилегов може да отвори нова зараза во Скопје

Од:

„Во време кога се достигнува врвот во заразата со корона и кога имаме полициски час во главниот град, комунална хигиена на Петре Шилегов ги труе скопјани, незаконски исфрлајќи смет на поранешната депонија Вардариште.Фотографиите направени во текот на вчерашниот ден покажуваат дека камионите на комунална хигиена го исфрлаат сметот на територијата на скопско Маџари, поранешно Вардариште доведувајќи го во опасност здравјето на жителите на Маџари, Тријангла и цел Аеродром“, пишува во соопштението од советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„Штитејќи се од корона, неспособноста на Петре Шилегов може да отвори нова зараза во Скопје. Од фотографиите направени вчера се гледа дека покрај дивата депонија има и мали дечиња со што директно се загрозува нивното здравје и нивните животи. Ова е недозволиво за еден градоначалник и градските служби. Ги повикуваме надлежните институции веднаш и неодложно да постапат и побараат кривична одговорност од градот Скопје и комунална хигиена. Шилегов ветуваше вракање на „стариот сјај“ на Скопје, а она што враќа е бедата на дивата депонија Вардариште. Дополнително наместо градот да штити од диви депонии тој отвора диви депонии. Фрлањето на смет и создавањето на дива депонија е казниво со закон. Вардариште се третира за дива депонија иако наследи готов проект за нејзино ревитализирање. Полесно беше шутот да го фрли отколку да изгради депонија. Наместо Шилегов да позира за пи-ар, нека работи за скопјани“, се додава во него.

 

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски