Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов, со километарските редици за субвенциите, ризикува Скопје да стане нов корона-кластер

Од:

„Се случува сериозна хаварија поради неодговорноста и неспособноста на Петре Шилегов. Секој ден стотици скопјани чекаат ред по неколку часа за субвенции за велосипеди и тротинети во услови кога се случува најсилниот пик на заразата со корона.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во градот Скопје гласаше за субвенции за тротинети и велосипеди и смета тоа дека е корисен проект, но максимално штетен е хаосот со начинот на аплицирање и колоните редици и оправданата нервоза кај скопјани“, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„Во 21 век Шилегов наместо да овозможи аплицирање по електронски пат, тој го строи народот во колони и редици директно изложувајќи го на закана од коронавирусот. Шилегов со редиците од неколку стотина метри пред Град Скопје и хаосот со субвенциите ризикува да стане нов корона-кластер.

Шилегов со ова станува закана за здравјето на скопјани.

Апелираме веднаш да се смени начинот на аплицирање и документите да можат да се достават по електронски пат или по пошта.

Сè друго преставува ризикување и поигрување со здравјето на скопјани“, соопштуваат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус