Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не мрдна со прст за решавање на аерозагадувањето, Скопје се гуши

Од:

„Скопје се гуши, утро 24 јануари 2021 година. Шилегов ветуваше чист воздух за сите, епилогот низ фотографии покажува дека Скопје се труе.

За цели три години мандат скопскиот градоначалник не мрдна со прст за решавање на проблемот со аерозагадувањето“, вели Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„Пред изборите ветуваше чист воздух за сите. Три години потоа резултатите се запрепастувачки лоши. Нема ниту еден проект за решавање на горливиот проблем, а неговите чекори се фасадерски и несуштински.

Скопје цели три години е оставено без капитални проекти и тапка во место. Градоначалникот лажго го загрозува здравјето на скопјани“, се наведува во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус