Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Нивите на Шилегов и лажните ветувања, само што се асфалтираше Васил Ѓоргов, повторно се раскопа

Од:

„Едно од ветувањата на градоначалникот Петре Шилегов беше дека планирано ќе градел. Епилогот на сето тоа е изгребана улица Васил Ѓоргов, асфалтирана и веднаш потоа повторно раскопана. Уште нестврднат асфалтот скопјани повторно возат по раскопани улици.

Самиот Шилегов ветуваше дека ќе бидат забранети прекопувања а сега тој ја прекопува Васил Ѓоргов“, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„Нивите на Шилегов направени среде Скопје покажуваат дека не си ги почитува и сопствените ветувања и дека неговата работа се сведува на популистичко асфалтирање и прекопување без нови и крупни проекти.

Трета година Шилегов ја замајува јавноста со проекти кои никако да ги почне. Три години нема ниту еден капитален проект за Скопје, ниту еден новоизграден булевар или ново сообраќајно решение, туку шминкерско гребење на асфалт.

Скопје нема градоначалник, туку популист“, соопштуваат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче