Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Кога Шилегов троши над милион евра за прскање против комарци, а ќе се случи наезда, тоа се вика расипништво

Од:

„Капитулацијата на градоначалникот на Скопје пред комарците ја покажува сета неспособност на градоначалникот и администрацијата во водењето на градот. Градот Скопје само оваа година ќе потроши 67.291.140 денари за прскање против комарци, односно еден милион и сто илјади евра а ефектот е никаков и преставува целосна капитулација. Кога Шилегов троши над еден милион евра за прскање против комарци, а ќе се случи наезда, тоа се вика криминал и расипништво за кое мора да се одговара“, соопштува Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„Шилегов потроши над еден милион евра за ефект кој е еднаков на нула. Членот 353 од Кривичниот законик е јасен ако сторителот на делото со неизвршување на своето овластување и должност предизвика поголема имотна штета или потешка повреда правата на друг, истото ќе биде казнето.

Оттука Шилегов и во најмала рака да имал најчесна намера еден милион евра ќе бидат потрошени, а ефектот е еднаков на нула за што мора да понесе одговорност.

Смешни и неиздржани се оправдувањата како само прскањето против комарци во Скопје престанува да има ефект, а во сите други главни градови има резултати. Исто така неболузни се и несериозни тврдењата на Шилегов за некакви вонредни армии на комарци кои го изненадиле градот поради врнежливото време. Прво чекаа да настане проблемот па реактивно да се делува. Тоа е израз на неспособност на Шилегов и градот во справување против комарците“, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче