Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Ги поддржуваме барањата на камперите на езерото Треска

Од:

„Езерото Треска пред очите на целата јавност станува жртва на урбаната мафија заштитена од власта.

Она што се случува во моментот таму е илегален грабеж и руинирање на она што претставува државна сопственост и заедничко добро на сите.

Градоначалникот Шилегов не ја кажува вистината и лаже кога се обидува таквиот грабеж да го престави како некое ревитализирање. Шилегов да каже од кога тоа корнење канделабри, рушење на објекти и кршење бетон преставува ревитализирање а не грабеж“, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Во моментот се случува руинирање на општествено добро за кој директна одговорност има Шилегов кој ветуваше враќање на стариот сјај на езерото.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во целост ги поддржува барањата на авто камперите, и бара од градоначалниците на градот Скопје, општината Сарај и Владата решавање на овој прпблем. Воедно во текот на денешниот ден Советничката група ќе побара на тековната седница Советот на град Скопје да расправа во однос на состојбата со Езерото Треска.

Уништувањето на Езерото Треска станува неславен заштитен знак на владеењето на Шилегов“, се додава во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски